Традиционалниот Охридски маратон во пливање нема да се одржи оваа година. Маратонот непрекинато се одржуваше во изминатите 28 години. Пливачката федерација почитувајќи ги препораките на Светската пливачка организација (ФИНА) го откажа настанот кој традиционално се одржува кон крајот на август поради пандемијата на вирусот Ковид-19.
„Пливачка федерација на Северна Македонија (ПФСМ), како активен член на Светска пливачка федерација (ФИНА) и единствена надлежна за пливање и далечинско пливање во нашата Држава, Ви соопштува дека овогодинешните официјални интернационални пливачки маратони од светска серија за 2020г, (Традиционален Охридски Пливачки Маратон 25км, и олимписка дисциплина 10км) НЕМА да се одржат, поради светска пандемија (Ковид-19) и едногласно откажување на целокупната ФИНА светска серија за 2020г во светот, почитувајќи ги препораките на Светска Здравствена Организација- СЗО за превентивна медицинска и здравствена заштита на спортисти- пливачи, тренери, организатори и публика“, стои во соопштението на ПФСМ.