Top Sport

Грановскаја ангажирала „шпиуни“ за Челси да го добие Хаверц?

Најмоќната жена во светот на фудбалот, директорката на Челси, Марина Грановскаја ангажирала луѓе кои требало да ги оценат слабостите на Руди Фелер и на директорот на Баер Леверкузен, Фернандо Каро за да добијат предност во преговорите за трансферот на Каи Хаверц, тврдат германските медиуми.

Челси го следат Хаверц неколку недели откако го склучија трансферот на Тимо Вернер од РБ Лајпциг, и вестите од Германија велат дека тие нудат 25 милиони долари помалку од сумата на Баер (115 милиони долари) за 21-годишниот фудбалер од средниот ред.

Спортскиот директор Руди Фелер инсистира дека Хаверц ќе остане во Германија, но сега германскиот весник „Билд“ тврди дека Грановскаја, најверниот соработник на Роман Абрамович, ангажирала германски консултанти, кои требало да најдат слабост кај Каро и Фелер за да добие предност во преговорите.

„Марина Грановскаја ја има целосната доверба на својот шеф. Таа секогаш ја користи својата мрежа на познаници и вработени за да добие предност во ситуацијата. Кога ќе се склучи договор, таа знае сè бидејќи веќе ги знае сите детали. Таа настапува од позиција на сила“, вели Алофс за „Билд“.

Грановскаја оваа година покрај Вернер го донесе на „Стемфорд бриџ“ и Хаким Зијеш од Ајакс, а исто така склучи нов спонзорски договор со „Најк“.

Scroll to Top