Top Sport

Швајцарскa истрага против претседателот на ФИФА Инфантино

Швајцарскиот посебен обвинител поднесе кривична пријава против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино поради неговите тајни состаноци со главниот обвинител на Швајцарија, Михаел Лаубер, објавија локалните медиуми.

Обвинителот бара да се покрене истрага и за Лаубер, кој минатата недела поднесе оставка откако судот утврди дека го криел состанокот со Инфантино и прикривал докази во истрагата за корупцијата во ФИФА.

Посебниот обвинител Штефан Келер беше именуван во јули со цел да се разгледаат состаноците меѓу Лаубер и Инфантино откако се појавија сомнежи за криминални дејствија. Двајцата го демантираат ова.

Доколку истрагата се покаже како успешна, Инфантино би бил вториот последователен претседател на ФИФА кој добива суспензија од спортот, откако неговиот претходник и швајцарски сонародник Сеп Блатер ја отслужува својата шестгодишна суспензија од фубалски активности по истрагата во 2015 година.

Scroll to Top