Возачот на Мекларен, Лендо Норис ја октри својата посебна кацига која ќе ја носи на Британското ГП во Силверстоун овој викенд, која е дизајнирана од еден од неговите најмлади фанови, шестгодишната Ева.
Овој месец, Норис објави натпреварување за неговите фанови охрабрувајќи ги да ги пратат нивните дизајни за кацигата, и изненадувачки 20-годишниот Англичанец се реши за овој дизајн.
„Ова е од Ева. Таа има шест години, а нејзиниот татко го прати дизајнот. Ме потсети на моето детство кога цртав вакви работи. Навистина е оригинална, и никој друг нема да има ваква кацига“, напиша Норис на Твитер.
My helmet design for this weekend! THANK YOU EVA! Eva’s 6 and she created this for my design competition and it just reminded me a lot of when I was younger scribbling away coming up with some cool things, it’s just super original. Thanks for taking your time design it Eva ✊ pic.twitter.com/YAZoeJ1nqR
— Lando Norris (@LandoNorris) July 30, 2020