Златан Ибрахимовиќ вчера покажа дека стилот не излегува од мода, откако постигна два гола при 4:1 победата над Сампдорија, а од неговите квалитети беше воодушевен и Килијан Мбапе од неговиот поранешен клуб, Пари Сен-Жермен.
„Само што ја гледам снимката на мечот на Милан. Златан е уште неверојатен фудбалер. Човекот има 38 години! Тоа е тоа од мене, ви посакувам добар ден“, напиша Мбапе на Твитер.
Juste en train de regarder le replay du Milan…
Zlatan quel joueur quand même.
38 ans ???C’était tout pour moi bonne journée les gars ????
— Kylian Mbappé (@KMbappe) July 30, 2020
Ибрахимовиќ влезе во историјата и порача: Јас сум како Бенџамин Батон