Top Sport

Колапс! Саудијците се откажаа од купувањето на Њукасл!

Предвиденото преземање на Њукасл јунајтед за 300 милиони фунти од конзорциумот од Саудиска Арабија пропадна по четири месеци критики, со што сегашниот газда Мајк Ешли останува на чело на премиерлигашот со дополнителни 17 милиони фунти, кои Саудијците ги оставија како депозит.

Саудискиот јавен инвестициски фонд објави дека формално се повлекува од понудата за преземање на клубот, откако Премиер лигата три месеци не даде зелено светло за комплетирање на продажбата по критиките околу човековите права во оваа земја, но и наводното „пиратирање“ на ТВ-преносите кои ги прави саудиската телевизија.

„Со големо почитување на заедницата на Њукасл и важноста на фудбалскиот клуб, решивме да го повлечеме интересот за преземање на Њукасл јунајтед. Го правиме ова со жалење, бидејќи бевме целосно посветени да инвестираме во големиот град Њукасл и да ја почитуваме историјата и традицијата на клубот. За жал, процесот се оддолжи, договорот меѓу инвестициската група и сопствениците истече и бидејќи немаме јасни услови, мораме да се повлечеме“, се вели во соопштението.

Јавниот фонд на Саудиска Арабија е во државна сопственост и под контрола на принцот Мохамед бин Салман.

Scroll to Top