Дерик Роуз во светот на спортот има еден од најдобрите спонзорски договори. Во 2012 година тој потпиша со компанијата „Адидас“ договор на 14 години „тежок“ 145 милиони долари.
Роуз во 2012 година беше атуелен МВП во НБА лигата, најмлад во нејзината историја, поради што „Адидас“ не сакаже да се повтори сценариото со Мајкл Џордан и Коби Брајант.
Поради тоа решија да му понудат богат договор на Роуз.
најмалдиот МВП во регуларниот дел од сезоната, во плејофот ги повреди предните вкрстени лигаменти во коленото, рехабилитацијата траеше една година, а кога се врати Роуз беше далеку од плејмејкерот кој блескаше во лигата.
Повредите потоа ја обележаа кариерата на Роуз, кој се уште е активен во дресот на Кливленд, но богатиот договор со „Адидас“ остана.
„Sport Illustrated“ откри делови од тој договор и податоците се неверојатни.
Имено, братот на Дерик Роуз, Реџи, годишно добива помеѓу 250 и 300 илјадо долари бидејќи е советник на својот брат.
Убава сума на годишно ниво, помеѓу 50 и 75 илјади долари, од „Адидас“ добива и најдобриот пријател на Дерик Роуз, Рендал Хемптон. И тој е пријавен како советник на кошаркарот.
Истиот извор наведува дека ова не е единствен пример во светот на спорот со вакви бизарни приходи. Во договорот на Нејмар со Барселона постоела клаузула која им овозможувала на неговите пријатели од Бразил еднаш во два месеци да дојдат во Каталонија, а трошоците ги подмирувал клубот.