Top Sport

Хименез: Локацијата, форматот…Не е важно го сакаме трофејот

Хосе Марија Хименез рекол дека Атлетико Мадрид не смее да жали поради одлуката на УЕФА во Лигата на шампионите да се игра само по еден натпревар, туку дека тимот треба да се насочи да оствари добар резултат во новиот формат на елитното натпреварување.

УЕФА одлучи завршницата во Лигата на шампионите да е одигра во Лисабон, на стадионите на Спортинг и Бенфика. Од четврт-финалето ќе се игра само по еден натпревар.

Атлетико е еден од четирите тима кои изборија пласман во четврт-финалето пред да биде суспендираната сезоната поради. Во осмина-финалето „јорганџиите“ го елиминираа европскиот првак Ливерпул.

Во четврт-финалето Атлетико ќе игра против Лајпциг.

„Мораме да се натпреваруваме, независно од форматот или локацијата, сакаме да го освоиме трофејот. Им се вративме на тренинзите со една цел, за неколку дена мораме да бидеме во најдобра форма“, рекол 25 годишниот Уругваец.

„Натпреварот со Лајпциг ќе биде тежок, секој што ќе дојде до четврт-финалето е силен тим, но и ние покажавме дека можеме да се надигруваме. Занеме дека Лајпциг се напаѓачки тим, нивните бекови одат далеку во нападот. Мораме да играме со вообичаениот интензитет и да бидеме фокусирани“.

Победникот од мечот помеѓу Атлетико и Лајпциг во полу-финалето ќе игра против подобриот од пресметката помеѓу ПСЖ и Аталанта.

Scroll to Top