Гелор Канга се врати во редовите на Црвена звезда. Габонецот дресот на српскиот шампион го носеше во периодот од 2016 до 2018 година.
Канга на „Рајко Митиќ“ се врати од редовите на Спарта Прага. Еден од условите да се врати во црвено-белиот табор бил да ја добие осумката. Овој број минатата сезона го носеше Марко Иваниќ кој остана во клубот. Црвена звезда му ја исполнила желбата на играчот од редот за врска.
Канга со Црвена звезда ќе потпише три годишен договор тежок 500.000 евра по сезона.