Top Sport

Хилкенберг ќе вози за Рејсинг Поинт во Силверстон

Германецот Нико Хилкенберг ќе го замени Серхио Чеко Перез во болидот на Рејсинг Поинт на трката за Големата награда на Британија, во Силверстон.

Перез четвртата трка во сезоната ќе ја пропушти бидејќи е позитивен на вирусот Ковид-19.

Рејсин Поинт донесоа одлука трката на местото на Перез германскиот возач. Хилкенберг има најмногу стартови во Формула (179) без притоа да избори пласман на победничкиот подиум.

„Бев на пат кон Нинбургринг за еден друг проект кога ми се јави Отмар (Зафнауер, шеф на рејсинг Поинт). Беше тоа пред помалку од 24 часа, ми делуваше нестварно. Но јас сакам предизвици и ова е еден таков предизвик. Ќе се обидам да дадам се од себе за тимот“, рекол Хилкенберг.

Искусниот 32 годишен возач изминатите три сезони возеше за Рено, заврши на 14 место во генералниот пласман, но за оваа сезона не успеа да најде тим.

Кариерата ја започнал во 2009 година во Вилијамс, а потоа возел за Форс Индија (тимот сега го носи името Рејсинг Поинт), Заубер и Рено.

Scroll to Top