Top Sport

Кирјос му врати на Чориќ: Мозокот ти е со големина на кикиритка

Продолжува војната која на социјалните мрежи ја водат тенисерите Ник Кирјос и Борна Чориќ.

Откако Чориќ на „Твитер“ го прашал Кирјос „дали испил малку повеќе“, на адреса на хрватскиот тенисер стигна очекуван одговор, полн со навреди. Кирјос повторно го коментира интелектуалниот капацитет на Чориќ.

„Правите шеги за светската пандемија. На ниво на шампиони ја покажувате вашата зрелост. Ќе биде добро да те видам наредниот пат, да видам дали тој твој мозок со големина на кикиритка пораснал“, напишал Кирјос, а потоа објавил уште еден одговор.

„Навистина е здодевно да те гледа човек како играш тенис. Ти си личност која не придонесува со ништо во овој спорт“.

Scroll to Top