Top Sport

Со Барса освоил 16 трофеи – Сега е фитнес-инструктор

Хозе Мануел Пинто е поранешен голман и член на легендарната генерација на Барселона. Пинто во периодот од 2008 до 2014 година му беше резерва на Виктор Валдез. За Барселона одиграл 90 натпревари и освоил 16 трофеи.

Претходно Пинто дебитирал во Ла Лига како играч на Бетис, а по една година во 1998 година се сели во Селта Виго. На „Балаидос“ останал цела деценија.

Пинт во кариерата е познат како голман кој сакал да ризикува, не се плашел да издрибла противнички напаѓач.

По пензионирањето води интересен живот. Пинто уште како играч основал продукциска куќа, во која работел како музичар и продуцент. Неговото уметничко име е Вахин.

Покрај тоа Пинто е сопственик на фитнес-центар. Во фитнес-центарот, во ритамот на популарната музика, тој лично ги води тренинзите. На социјалните мрежи редовно објавува снимки од своите вежби.

 

Scroll to Top