Германката Јулија Гергес ја освои својата трета ВТА титула во кариерата, откако ја совлада домашната фаворитка Дарја Касаткина со 6:1/6:2 во финалето на Кремљ купот во Москва.
Седмата носителка, Гергес, го доби мечот против импресионираната 20-годишна Касаткина за само 66 минути.
„Чувството е прекрасно. Работев напорно да дојдам до нов трофеј и во моментов сум многу емотивна. Одлично е што овој момент можам да го споделам со Даша, која ќе биде фантастична тенисерка. Ова е втора година да гостувам во Москва и само можам да кажам дека ќе бидам тука да ја бранам титулата“, изјави 28-годишната Гергес.
?? Julia Georges: “Thanks for your support, Moscow!” @juliagoerges pic.twitter.com/u9PqM06QbC
— ВТБ Кубок Кремля (@tennisrussia) October 18, 2017