Top Sport

Од сиромаштија до слава на „Вембли“ – емотивната приказна на Емилијано Мартинез

Голманот Емилијано Мартинез беше најемотивниот фудбалер на Арсенал, откако помогна да се освои 14-тата ФА куп титула со победата над Челси на „Вембли“, комплетирајќи ја неверојатниот тежок пат на Аргентинецот.

27-годишниот Мартинез е во Арсенал веќе 10 години, но шест пати беше позајмен фудбалер и пред оваа сезона имаше само 14 настапи за „топчиите“, но откако Бернд Лено се повреди во јуни доби шанса да биде главен човек меѓу стативите.

Мартинез по победата уште на „Вембли“ се слушна со своето семејство, кое го нема видено повеќе од една година.

Тој минатата недела ја откри својот тежок пат до врвот на англискиот фудбал, откако призна дека неговите родители не можеле да ги плаќаат сметките и поминувале долго време без храна.

„Ги гледав мојот брат и мојата мајка како плачат и ме молат да не одам. Но, од друга страна го видов и мојот татко како плаче навечер бидејќи немаше пари за сметките. Се сеќавам дека имаше денови во кои јас и мојот брат јадевме, но не и мојата мајка и татко. Морав да бидам храбар и заминав поради нив“, вели Мартинез.

Тој беше емотивен во интервјуто кое го даде за „Би-би-си“ по мечот, не успевајќи да ги сопре солзите пред капитенот Пјер-Емерик Обамејанг да го утеши.

Scroll to Top