Џенова на Горан Пандев и следната сезона ќе игра во италијанската елита, откако во последното коло ја забележаа потребната 3:0 победа над Верона, а во исто време, Лече загуби дома од Парма со 3:4.
Пред последното коло, Џенова имаше поен повеќе од Лече по поразот од Сасуоло, но сите надежи на Лече дека ќе останат уште една сезона во првата лига беа растурени во првите 45 минути, во кои Грифоне постигнаа три гола. Антонио Санабрија постигна два гола, од кои еден на асистенција на Пандев, а Кристијан Ромеро зголеми на 3:0 за да се осигура опстанокот на поранешниот италијански шампион.
Во Лече, пак, беше полно со пресврти. Парма успеа да поведе со 0:2 во првите 24 минути, пред Лече да израмни на 2:2 до крајот на полувремето. Гостите потоа постигнаа уште два гола за 2:4 водство, пред домаќините да намалат на 2:3.
Во Серија Б покрај Лече се селат и Бреша и СПАЛ. Јувентус е шампион и заедно со Интер, Лацио и Аталанта ќе играат во Лигата на шампионите, а Рома и Милан се во Лига Европа. Беневенто и Кротоне се сигурни нови прволигаши, а ќе има и плејоф за последното место.
СЕРИЈА А, 38.КОЛО
Болоња – Торино 1:1
Џенова – Верона 3:0
Лече – Парма 3:4
Сасуоло – Удинезе 0:1
ЏЕНОВА – ВЕРОНА
ЛЕЧЕ – ПАРМА
БОЛОЊА – ТОРИНО