Прославениот српски тренер Светислав Пешиќ ќе биде новиот тренер на Барселона, објавија каталонските медиуми. Покрај Пешиќ кандидат за нов тренер по отказот кој го доби Сити Алонсо бил и Велимир Перасовиќ.
Како што наведува „Мундо Депротиво“ Пешиќ и Барселона договориле соработка до крајот на оваа сезона.
Пешиќ беше предводник на кошаркарската секција на Барселона од 2002 до 2004 година, кога со каталонскиот клуб освои две домашни тиули и дна во Евролигата.
Од јули 2016 година кога замина од минхенски Баерн Пешиќ не работел во ниту еден клуб.
Во кариерата работел во Босна, Алба, Келн, Рома, Џирона, Динамо Москва, Црвена звезда, Валенсија, а бил селектор на Германија и СР Југославија. Со овои репрезентации два пати бил европски и еднаш светски првак.