Top Sport

Монтела и Севилја ќе се борат за титула во Купот на кралот (видео)

Севилја успеа да се пласира во финалето на Копа дел Реј, откако во вториот полуфинален меч со 2:0 го совладаа Леганес, по ремито 1:1 во првиот натпревар.

Ова ќе биде шанса за новиот тренер на тимот од Андалузија, Италијанецот Винченцо Монтела да се бори за трофеј, откако немаше најдобар старт на кормилото на тимот како заменик на Едуардо Берисо.

Хоакин Кореа донесе предност од 1:0 по само 15 минути игра на „Рамон Санчес Писхуан“, а победата беше запечатена во 89. минута преку Франко Васкез.

Противник на Севилја во големото финале ќе биде Барселона или Валенсија, кои утре го играат вториот меч. Во првиот на „Месталја“, Барселона славеше со 1:0.

Scroll to Top