Кристијано Роналдо во јануари решил од Јувентус да се пресели во ПСЖ, меѓутоа трансферот пропаднал поради пандемијата на коронавирусот, тврди „Франс Фудбал“. ПСЖ биле подготвени да му ја понудат на Роналдо највисоката плата во историјата на фудбалот.
Наводно имале договор со Роналдо, но зделката не можела да се реализира поради финансиската криза. На крајот и Потугалецот се премислил и решил да остане во Торино.
Кристијано Роналдо бил заинтригиран од идејата да игра во нападот заедно со Нејмар и Килијан Мбапе, бидејќи Јувентус со игрите оваа сезона не импресионираше. Истито извор пишува дека Роналдо не бил среќен во Јувентус, дека се чувствувал како затвореник. Не бил задоволен од тренерот Маурицио Сари и дека тоа е била една од причините што посакал трансфер во ПСЖ.
Јувентус во јули 2018 година издвоија 117 милиони евра за трансферот на Кристијано Роналдо. Португалецот во изминатите две сезони одигра 88 натпревари, постигнал 63 голови.