Новата сезона во Серија А, 2020/2021, ќе започне на 19 септември. Италијаните традиционално последни во Европа ја започнуваат новата сезона.
Серија А која ќе започне на 19 септември ќе заврши на 23 мај 2021 година кога ќе се одигра последното 38 коло.
Титулата и наредната сезона ќе ја брани Јувентус, а допрва ќе биде познат и последниот тим што ќе игра во Серија А, откако ќе заврши плејофот во Втората лига.
Преодниот рок ќе започне на 1 септември и ќе трае до 5 октомври.