Top Sport

„Пике е просечен играч. Славен е дека има ‘кул’ брадичка и дека е во врска со пејачка“

Оскар Руџери, светски првак со Аргентина во 1986 година, во една изјава го нарекол Џерард Пике „просечен фудбалер“. Руџери дел од свoјата кариера минал во Реал Мадрид (1989-1990).

„Пике е дефанзивец од втора класа, просечен играч, каков што бев јас, како што има многу во фудбалот“, рекол Риџери за „Фокс спорт“ и дополнил.

„Добро изгледа, во врска е со пејачка…има кул брадичка, но да игра за Валенсија немаше да биде познат. Таков бев и јас, просечен. Добар дефанзивец, ништо повеќе од тоа. Никогаш не бил под притисок“.

Аргентинецот потоа рекол дека најдобра дефанзивец во фудбалот е капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

Scroll to Top