Ливерпул во Шпанија нашле играч кој треба да ја затвори дупката во дефанзивниот дел на тимот која се отвори со заминувањето на Дејан Ловрен во Зенит.
„Марка“ тврди дека Аиса Манди (28) од Бетис наскоро ќе потпише договор со новиот првак на Англија. Алжирецот ја минал школата на Рен, а од 2016 година е играч на Бетис. За тимот од „Бенито Виљамарин“ одиграл 141 натпревар, успеал да постигне пет гола.
Според овој извор Манди има откупна клаузула од 28 милиони евра, меѓутоа Бетис ја прифатиле понудата на Ливерпул од 12 милиони евра.
Ова значи дека парите од трансферот на Ловрен „црвените“ ќе го проследат на адреса на Бетис.