Top Sport

Натпревар вреден 190.000.000 евра – Фулам и Брентфорд во борба за Премиер лигата

Фудбалерите на Фулам и Брентфорд вечерва од 20.45 часот на „Вембли“ ќе решат кој ќе биде последниот патник во Премиер лигата. Фулам имаат можност експресно да се вратат елитата, додека Брентфорд никогаш не биле членови на Премиер лигата. Интересно ова ќе биде дуел на екипи од западниот дел на Лондон.

Финалниот меч за пласман во Премиер лигата се нарекува и „најскапиот меч во сезоната“. Победникот ќе добие финансиска инјекција од околу 190.000.000 евра во наредните три години, а според ревизорската куќа „Делојт“, во наредните пет години, доколку клубот опстане во Премиер лигата, приходите можат да достигнат и сума од 330.000.000 евра.

Колку пари се во игра на овој меч најдобро покажува податокот дека победникот во Лигата на шампионите за оваа сезона најмогу може да заработи 82.500.000 евра.

Фулам во полу-финалето го мина Кардиф со вкупен резултат 3:2, додека Брентфорд го елиминира вториот тим од Велс, Свонси, со вкупни 4:2.

Двата тима со најсилните состави ќе влезат во решавачкиот натпревар, во кој според резултатите од оваа сезона фаворити се Брентфорд.

Брентфорд, без примен гол, победија на двата натпревари кои се одиграа во Чемпионшип дивизијата (1:0, 2:0).

Scroll to Top