Иако имаа многу бурни односи во Реал Мадрид, Жозе Мурињо тврди дека односите со Икер Касилјас се „поправени“ откако легендарниот голман денеска објави дефинитивен крај на 22-годишната кариера.
39-годишниот Касилјас при крајот на својот престој во Реал Мадрид имаше голем конфликт со Мурињо, кој го замени со Диего Лопез, а Мурињо по конфликтот со Серхио Рамос и другите играчи на „кралевите“ се врати во Челси по крајот на сезоната 2012/13.
Мурињо тврди дека односите се поправени.
„Неговата интелигенција и зрелост придонесоа секогаш да се почитуваме, а години подоцна дури стигнавме до искрено пријателство. Тој е легендарен голман на Реал Мадрид, Ла роха и светскиот фудбал и со него ја освоив Ла лига, и иако имав тешки моменти поради мојата професионална, а не лична одлука, да го сменам со друг фудбалер. Тој е голем голман и голем човек“, вели Мурињо за шпанскиот „АС“.