Top Sport

Кек: На Иличиќ му треба време и мир, Аталанта беа многу коректни

Словенечкиот селектор Матјаж Кек проговори за ситуацијата со Јосип Иличиќ, откако околу фудбалерот на Аталанта се појавија голем број на шпекулации, кои одеа дотаму што тврдеа дека тој решил да се откаже од фудбалот.

Иличиќ не заигра за Аталанта по паузата во Серија А поради корона вирусот, со информации дека живее во голем страв и има ментални проблеми поради опседнатоста со болеста. Покрај ова, од Италија имаше шпекулации дека тој е во депресија поради тоа што ја фатил својата сопруга во кревет со друг маж.

Кек вели дека на Иличиќ му треба време и мир сам да ги реши проблемите.

„Мислам дека Јосип заслужува време и мир да ги реши своите проблеми. Аталанта се однесуваа на коректен и чесен начин со него во овој момент, што е тешко за некој кој е во очите на јавноста и пред медиумите. Нема потреба за дополнителни коментари“, вели Кек.

Scroll to Top