Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Андер Ерера уште еднаш демантираше дека бил вклучен во местење на мечеви, откако шпанските судии потврдија дека го испитуваат случајот на мечот меѓу екстимот на Ерера, Реал Сарагоса и Леванте во мај 2011 година.
„Тоа го кажав и во 2014 кога за оваа тема за првпат се зборуваше – никогаш не сум бил вклучен во манипулација на резултати. Ако побараат од мене да сведочам ќе бидам пресреќен да го направам тоа, бидејќи мојата совест е чиста. Го сакам фудбалот и верувам во фер-плеј, на и надвор од теренот“, се вели во соопштението на Ерера.
Депортиво Ла Коруња испаднаа од Ла лига, откако Сарагоса со 2:1 го совлада Леванте во тој меч. Подолу можете да ги погледнете најважните моменти од спорниот меч.