Тенискиот ас, Милош Раониќ се врати на теренот и ќе се обиде да се подготви за престојната сезона, иако судејќи според фотографијата која се појави на Инстаграм, за тоа ќе му бидат потребни многу време и напорна работа.
Раониќ на фотката е со аргентинскиот тенисер, Диего Шварцман, а евидентно е дека Канаѓанецот „се опуштил“ додека траеше карантинот поради пандемијата на коронавирусот.
Ќе треба многу напор за пак да се врати во форма.