Top Sport

Нов удар за ПСЖ, и Верати го пропушта дуелот со Аталанта?

Играчот за врска во францускиот шампион, ПСЖ, италијанскиот ас, Марко Верати најверојатно ќе го пропушти четвртфиналниот меч од Лигата на шампиони против Аталанта.

Тој на тренинг на „Светците“ се судрил со свој соиграч, се повредил и нема да биде дел од важниот дуел против италијанската екипа која е најголемото фудбалско изненадување оваа сезона.

Ова е голем удар за клубот од „Паркот на принцовите“ ако се знае дека тренерот Томас Тухел за овој дуел нема да може да смета ниту на услугите на Килијан Мбапе.

Верати е многу битен „шраф“ во мозаикот на екипата, сезонава одигра 35 меча за ПСЖ и забележа 6 асистенции.

Мечот од ЛШ меѓу ПСЖ и Аталанта е на 12. август.

Scroll to Top