Златан Ибрахимовиќ и покрај своите 38 години нема намера да стави крај на кариерата и има неверојатна волја да остане во најдобра форма.
Златан помина одлични седум месеци во Милан во кои постигна 11 голови и според последните вести планира да остане уште една сезона кај „росонерите“, за кои ќе добие околу 4 милиони евра.
По крајот на сезоната во Серија А, Златан како и повеќето професионални фудбалери го искористи времето да замине на мал одмор, овојпат на јахта во близината на Сен-Тропе во Франција, но за разлика од другите фудбалери, тој го искористи овој момент за тренинг. Неверојатно.