Ветеранот на Манчестер сити, Давид Силва се согласил на трансфер во Лацио за сезоната 2020/21, јавува италијанскиот спортски весник „Кориере дело спорт“.
Според нивните извори, братот на поранешниот шпански репрезенативец веќе бил во посета на центарот на Лацио во Формело и фудбалерот од средниот ред веќе ја прифатил понудата да заигра за „Орлите“.
Сега се чека да се одредат некои клаузули во договорот на Силва со италијанскиот клуб, но и да се заврши Лигата на шампионите, за договорот да се официјализира.