Top Sport

Дали Усман е подобар од Хабиб Нурмагомедов?

Усман Нурмагомедов ќе биде нова ѕвезда во УФЦ откако ги доби своите први 10 меча со нокаут и има „убиствен“ инстинкт кој го прави многу поопасен од својот братучед Хабиб, смета менаџерот на двајцата фајтери.

23-годишниот Усман е специјалист за борење, но и за кик-бокс, и работи со истиот тренер како и Хабиб, Хавиер Мендез, а го има и истиот менаџер, Али Абделазиз, кој смета дека светот ќе биде воодушевен од младиот Дагестанец.

„Момчето на кое треба да се внимава сега и за кое речиси никој не знае е Усман Нурмагомедов, помладиот братучед на Хабиб. Тој има 10-0 со нокаути и е вистински убиец. Ја има истата крв како Хабиб и нормално е добар во борењето. За мене тој е подобра верзија на Хабиб“, изјави Абделазиз.

Усман има 10-0 скор во кариерата, но уште нема дебитирано во УФЦ. Хабиб од друга страна е еден од најстрашните противници во УФЦ со фантастични квалитети во борењето и силни удари.

„Усман ги нокаутира луѓето со лакти. Вистински феномен. Комбинација на Хабиб, Џон Џонс и Израел Адесанја. Мислам дека во 2021 ќе потпише со УФЦ и имаме навистина големи планови со него“, вели Абделазиз.

Scroll to Top