Откако „ТВ Стар“ ја објави приказната за тешките услови во кои живее некогашниот член на шампионската генерација на Вардар, Венцислав Симоновски, преставници на Фудбалската федерација на Македонија и независниот Синдикат, го посетија екс фудбалерот во неговиот дом.
По објавата на делчевската телевизија, приказната за Симоновски, кој нема елементарни услови за живот, ја презедоа и многу други медиуми од државата, а стигна и до неговите колеги фудбалери.
Панче Ќумбев претседателот на независниот Синдикат и Саша Чириќ од ФФМ, во четвртокото го посетија Симоновски во неговиот дом, во кој изминатите четири години живее без електирчна енергија, бидејќи нема пари да ги плати сметките.
Ќумбев на својот профил на „Фејсбук“ објави дека со Чириќ го посетиле Симоновски во неговиот дом, дека го подмириле долгот кон ЕВН, а од ФФМ добил на подарок спортска опрема.
Следниот чекор на ФФМ ќе биде на Симоновски да му понуди работа во Академијата или во некоја од националните селекции.
„Денес бевме во Делчево во посета на Венцо Симоновски .Јас како преставник од Синдикатот на фудбалери на Македонија и Саша Ќириќ како преставник од Фудбалска Федерација на Македонија.
Кичо се наоѓа во многу лоша здраствена и финансиска состојба.По разговорот со неговата снаа за брат која се грижи за него добивме информации и насоки на кој начин да му помогнеме.
Со Саша планираме во најскоро време да ги собереме фудбалските ветерани и сите оние кои што сакаат да помогнат и да собереме средства за реновирање на куќата на Кичо и купување неопходни апарати за домаќинство.
Во меѓувреме јас и Саша го подмиривме долгот кон ЕВН и после 4 години Кичо повторно ќе има струја во својот дом.Од страна на ФФМ, Кичо доби комплет спортска опрема.
P.s Кичо праша за сите свои поранешни колеги и прати поздрав за сите“, пишува Ќумбев на на својот профил на „Фејсбук“.
фото:facebook Панче Ќумбев
Беше дел од шампионскиот Вардар, сега нема елементарни услови за живот (Видео)