Напаѓачот на Рома, Един Џеко беше лут и разочаран по поразот од Рома во осминафиналето на ЛЕ. „Волчицата“ со 2-0 загуби од Севилја на неутрален терен во Дуисбург.
„Воопшто не немаше на мечот, од првата до последната минута. `Не изедоа` на секој дел од теренот. Подобро беа подготвени и играа подобро. Постојано вршеа притисок и не можевме да играме. Не забележавме дека не можеме да играме од задната линија туку дека мораме да играме со долги топки до мене. Сепак 90 минути игравме од задната линија, ништо не разбравме“ – рече Џеко.
Овој меч за него беше големо разочарување, а прстот го впери и кон тренерот Фонсека.
„Мора да се запрашаме каде сме и што сме. Ова беше многу лошо. Разочаран сум затоа што игравме многу лошо, воопшто не бевме во мечот“ – рече голгетерот од БиХ.