Рој Џонс Јуниор ги осигурал своите уши пред најавениот камбек во боксерскиот ринг против Мајк Тајсон, бидејќи очигледно не заборавил како Тајсон му одгриза дел од увото на Ивандер Холифилд во 1997 година.
Според неговиот менаџер Жолт Барна, тие сметале дека е неопходно да се осигураат за „можен необичен случај“ Тајсон да реши да гризе од неговото уво бидејќи тоа е „сосема очекувано“.
Егзибицискиот меч во осум рунди ќе се оддржи во септември во Калифорнија и двајцата боксери претходно добија совет од Спортската комисија на Калифорнија да не одат на нокаут. Тајсон признава дека ќе го игнорира тоа.
„Ако има шанса, кој боксер не би сакал да победи со нокаут“, изјави Тајсон.