Барселона ќе се обидат да надополнат за разочарувачкиот финиш на Ла лига во кој ја загубија титулата од Реал Мадрид, со пласман во четврт-финалето на Лигата на шампионите во реваншот со Наполи, и тренерот Кике Сетиен вели дека не очекува да добие отказ дури и тие да бидат елиминирани од натпреварувањето.
„Искрено, не сум помислил дека ова може да биде мојот последен меч на чело на Барселона. Подготвени сме за мечот и за сите изненадувања кои можат да ни ги приредат од Наполи. Тие се многу подобар тим од првиот меч, со најголем посед во Серија А и со одлична одбрана и опасни контранапади. Ја проучувавме нивната игра и мислам дека имаме решение“, вели Сетиен.
Барселона имаше време за одмор по крајот на Ла лига, додека Наполи ја завршија сезоната во Серија А само пред една недела.
„Ни беше потребен одмор бидејќи многу натпревари едноподруго го уморуваат тимот и сега сме подготвени со обновена енергија“, додава Сетиен.