И холандската тенисерка, Кики Бертенс (28) реши да не се натпреварува на годинешното Отвореното првенство на САД, поради опасноста од зарази и пандемијата на коронавирусот. Бертенс својата конечна одлука ја соопшти на социјалната мрежа Инстаграм.
„По многу размислување, решив да не одам во САД на отворените турнири во Синсинати и Њујорк. Ситуацијата околу Ковид 19 сè уште е толку загрижувачка што здравјето на сите е на прво место и контролата врз овој вирус е очигледно приоритет. Нашиот премиер вчера исто така посочи дека треба да бидеме во карантин две недели по САД. Секако, ние го почитуваме ова како тим, а тоа би ги попречило подготовките за моите омилени турнири во Рим и Париз. Се надевам дека ситуацијата наскоро ќе заземе позитивен пресврт и на сите им посакувам добро здравје“ напиша Бертенс.
Освен Бертенс, досега учеството го откажа и првата на ВТА листата, Ешли Барти, а на машкиот турнир сигурно ќе ги нема Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Инаку САД Опен треба да се одржи 31 август до 13 септември.