Top Sport

Сари по елиминацијата: Очекував помалку од моите фудбалери!

Јувенстус е запрен уште во осминафиналето на ЛШ од француски Лион, а медиумите во Италија бараат смена на тренерот Маурицио Сари.

Некои извори од Апенините велат дека уште денеска ќе добие „шут карта“, но на прес-конференцијата по мечот тој рече дека е задоволен од играта на својот тим. Напомена дека очекувал и послаб настап од своите пулени.

„Очекував многу помалку од своите играчи. Одигравме сјаен меч, бевме со заостаток по само 10 минути, но го свртевме резултатот, победивме, создадовме 6-7 одлични шанси. Целата екипа го даде максимумот и јас сум задоволен“ – рече Сари.

Сепак изрази разочарување што го загубија првиот меч, во Франција.

„Испаднавме поради првиот натпревар, односно поради првото полувреме на тој меч. Лигата на шампион е такво натпреварување, иако игравме одлично, исфрлени сме. Не поремети паузата“ – смета италијанскиот стратег.

На прашањето за негов евентуален отказ, тој налутено кон новинарите:

„Моите зборови не е тешко да се разберат. Не верувам дека челници на толку голем клуб како што е Јувентус ќе се темелат на само еден меч и ќе носат така големи одлуки. Треба да се анализира целата сезона. Таквото прашање за мене е навреда, но не само за мене, туку и за челниците на клубот. Имам договор, го почитвам и не очекувам ништо“ – рече Сари.

Scroll to Top