Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Италијанецот Федерико Македа (28) најверојатно ќе биде нов играч на белградска Црвена Звезда. Српските медиуми пренесуваат дека „црвено-белите“ за Македа ќе издвојат 2 милиони евра, а останува само да се „испеглаат“ сите формалности од договорот со грчки Панатинаикос.
Македа за екипата каде предводник е Дејан Станковиќ би требало да потпише двегодишен договор со 500.000 евра по сезона плус бонусите кои можат да достигнат и до 300.000 евра. Тоа значи дека српскиот шампион за италијанскиот фудбалер би можел да издвои 1.6 милиони во наредните две сезони.
Македа има понуди и од Саудиска Арабија, но тој сака да остане во Европа. Италијанецот сака преку Звезда да се избори за трансфер во некоја поголема европска екипа.
Минатата сезона за ПАО постигна 12 гола.