Пилотот на Мерцедес, Финецот Валтери Ботас ја освои пол-позицијата пред утрешната трка на „Силверстоун“ за ГН на Велика Британија. Со оваа трка се одбележува јубилејот „70 години Формула 1“.
Ботас извозе побрзо од клупскиот колега, Луис Хамилтон и стигна до својата 13-та пол позиција во кариерата.
Трет зад двоецот од Мерцедес квалификациите изненадувачки ги заврши Нико Хулкенберг од Рејсинг поинт кој влезе како замена за Мексиканецот Серхио Перез кој е заразен со коронавирусот.
На четвртата позиција се пласираше возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен.
Повторно потфрлија возачите на Ферари. Леклер квалификациите ги заврши како осми, додека Фетел беше дури 12-ти.
На врвот на табелата во Ф1 е Хамилтон со 88 бода, дури 30 повеќе од клупскиот колега Валтери Ботас.
На третата позиција во моментов е Ферстапен со 52 бода.
Трката на „Силверстоун“ се вози утре со почеток од 15.10 часот.
? END OF QUALIFYING ?
TOP 10
Bottas
Hamilton
Hulkenberg ???
Verstappen
Ricciardo
Stroll
Gasly
Leclerc
Albon
Norris #F170 ?? #F1 pic.twitter.com/aWbLAj3YwD— Formula 1 (@F1) August 8, 2020