Top Sport

Тежок удар за Аталанта, без првиот голман на четвртфиналето со ПСЖ

Голманот на калчолигашот Аталанта Пјерлуиџи Голини ќе го пропушти четвртфиналето од Лигата на шампиони против ПСЖ поради повреда на десното колено, информираше денеска италијанска „Газета“.

Голини се повреди на 1 агуст, на мечот од последното коло од Серија А против Интер, и тоа уште во 4-тата минута. Во клубот од Бергамо се надеваа дека не се работи за ништо сериозно, но информациите се дека повредени се вкрстените лигаменти.

„Голини нема во среда да игра против ПСЖ“ – пишува „Газета“.

На мечот кој е од исклучително значење за двете екипи голот на Аталанта ќе го чува Марко Спортијело кој сезонава има само 6 настапи.

Сепак, се чини ПСЖ е во поголеми проблеми од противникот. Кај „Светците“ под знак прашање е настапот на Килијан Мбапе и Марко Верати.

Scroll to Top