НБА тимот, Бруклин Нетс синоќа го осигура пласманот во плеј офот, а првата ѕвезда на екипата, Кевин Дурант кој е повреден за тоа доби 1 милион долари иако сезонава не одигра ниту минута за екипата.
Дурант во минатогодишното финале со неговиот сега поранешен клуб Голден Стејт Вориорс ја повреди Ахиловата тетива, по што неколку недели подоцна како слободен играч потпиша договор со Бруклин. Дурант стави потпис на 4-годишен договор вреден 164 милиони долари, иако беше јасно дека ќе ја пропушти целата сезона.
Иако воопшто не заигра сезонава, Нетси му исплатија 37.1 милиони долари, а сега ги доби и најлесно заработените пари во животот – бонус за влез во плеј-офот.
Нетси минатото лето го доведоа и Кајри Ирвинг, но и тој поголемиот дел од сезоната го пропушти поради повреда.
Kevin Durant will receive a $1 million bonus now that the Nets have secured a playoff spot ? pic.twitter.com/3AF1o8SiIT
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) August 8, 2020