Top Sport

Фетел: Се чувствувам како да одам во ѕид

Себастијан Фетел вели дека нема објаснување за уште едни разочарувачки квалификации во саботата пред денешното ГП за одбележување на 70-годишнината на Ф1 во Силверстоун.

Откако беше шести на Унгарското ГП по петтото место на квалификациите, Фетел изгледаше во подобра форма пред втората рунда во Силверстоун, откако минатиот викенд заврши на 10. место (истото на кое стартуваше), а сега денеска ќе биде на 12. место на стартот, додека неговиот колега Шарл Леклер ќе биде на осмото место.

„Се обидовме да направиме многу работи и морам да му честитам на мојот тим за работата која беше направена. Сега се чувствувам малку подобро од минатиот викенд, но секако е многу разочарувачки. Се чувствувам како да одам во ѕид и не верувам дека има многу потенцијал во мојот болид. Сега сме на иста позиција како и претходната недела. Некои работи не можеме да ги промениме и искрено, болидот едноставно не е брз. Тие пред нас не победуваат чисто. Не се рабти за несреќа или нешто слично“, признава Фетел.

Scroll to Top