Американскиот УФЦ фајтер Бенеил Дариуш го постигна најефективниот нокаут виден во кафезот оваа година, откако на 20 секунди пред крајот на првата рунда имаше совршен удар со лакт каков што обично се гледа на видео-игрите со борби.
Дариуш со совршено свртување го погоди со лакт Скот Холцман, но не доби бонус за нокаутот бидејќи пред стартот на мечот ја „утна“ тежинската граница за меч во лесна категорија.
„Иако победив, срам ми е за пропуштањето на тежината и се извинувам. Парите треба да ги дадат на Скот. Да, ударот беше инспириран од видео-игрите, откако синот на мојот пријател, Били ми кажа да се обидам со ваков потег. Му кажав дека ќе размислам и дека двапати ќе се обидам. Ова е за него“, вели Дариуш.
I love Beneil Dariush. #UFCVegas6 pic.twitter.com/Vxn31RXu3Z
— el Benji (@IAmElBenjamin) August 9, 2020