Борусија Дортмунд му дозволиле на Џејдон Санчо да се врати во Велика Британија, но очекуваат тој уште утре да се врати на тренинзи со „милионерите“, откако неговото враќање дома ги зголеми шпекулациите за очекуваниот трансфер во Манчестер јунајтед.
Дортмунд наводно им дадоа краен рок до утре на Јунајтед да се договорат за трансферот на англискиот репрезентативец, но „ѓаволите“ сакаат намалување на астономските 120 милиони евра кои ги бара германскиот клуб.
Санчо во саботата беше забележан од англиските таблоиди на забавата со раперите Крепт и Конан, кои се големи навивачи на Манчестер јунајтед.
Саша Флиге, портпаролот на Дортмунд вели дека клубот нема забелешки на оваа посета, откако претходно неколку пати го казнија Англичанецот поради пропуштање на тренинзи.
„Нормално е фудбалерите да се вратат дома пред тренинг-кампот ако не постојат ризици. Тоа важи и за Џејдон и фотографиите кои ги видовме досега не претставуваат некакво кршење на правилата“, вели Флиге.