Двата позитивни случаи на корона вирус во Атлетико Мадрид се фудбалери, јавуваат шпанските медиуми, со што учеството на „рохибланкос“ на фајнал ејт турнирот од Лигата на шампионите во Португалија е многу неизвесно.
Двајцата фудбалери, кои засега не се именувани, нема да патуваат со тимот во Лисабон за четврт-финалето против РБ Лајпциг, ниту ќе учествуваат во следните натпревари, ако Атлетико го мине бундеслигашот. Фудбалерите се во добра здравствена состојба и ги почитуваат протоколите за самоизолација во нивните домови.
Според шпанските медиуми, Атлетико сега чекаат упатство од УЕФА како да се продолжи пред нивниот меч во четврток. Според медицинските протоколи на УЕФА, доколку клубот има 13 достапни фудбалери од А-листата, мечот ќе се оддржи освен ако не е потребен карантин за остатокот од клубот, нешто за што ќе треба да одлучат португалските власти.