Top Sport

Кузма со тројка на 0.4 секунди пред крајот ја прекина лузерската серија на Лејкерси

Кајл Кузма постигна тројка на само 0.4 секунди пред крајот на мечот за да ги „крене“ Лос Анџелес лејкерс до 124:121 победа над Денвер нагетс во драматична завршница во Орландо со која се прекина низата од три порази за „езерџиите“.

Леброн Џејмс постигна 29 поени и имаше 12 аситенции, Ентони Дејвис заврши со 27 поени, а Кузма со фантастични 25 поени. Кај Нагетси осум кошаркари имаа двоцифрен број на поени – Пи Џеј Дозиер стигна до 18, Мајкл Портер Јуниор имаше 15 поени (со 3-од-3 за тројки), а Никола Јокиќ додаде 12.

Нагетси ги одмараа своите стартери во поголемиот дел од последната четвртина, и сега со поразот остануваат на меч и пол зад Лос Анџелес клиперс на второто место на Западот на два меча пред крајот. Двата тима се среќаваат во среда.

Шампионите Торонто без своите клучни играчи стигна до 114:106 победа над Милвоки бакс. Крис Бушер имаше 25 поени и 11 скока, Мет Томас додаде 22 поени, а Норман Пауел имаше 21 поени и осмум скока.

НБА

ЛА Лејкерс – Денвер 124:121

Торонто – Милвоки 114:106

Феникс – Оклахома Сити 128:101

Далас – Јута 122:114

Мајами – Индијана 114:92

Scroll to Top