Оле Гунар Солскјер признава дека Манчестер јунајтед мораат многу подобро да ги користат своите шанси по тешката 1:0 победа по продолженијата против Копенхаген во четврт-финалето од Лига Европа.
Јунајтед загубија во полуфиналињата на ФА купот и Англискиот лига куп во 2019/20, и сега стигнаа до истиот степен во Лига Европа откако Бруно Фернандеш во 95. минута со гол од пенал го запечати триумфот над Копенхаген, откако во текот на мечот двапати ја погодија рамката на голот, два гола им беа поништени поради офсајд, а голманот на данскиот клуб, Карл-Јохан Јонсон имаше дури 13 одбрани.
„Мораме да бидеме подисциплинирани, но на крајот најважно беше да бидеме трпеливи. Направивме доста шанси за да стигнеме до победата. Мораме да бидеме подобри на многу полиња. Имаше чувство дека момците сакаа да ја пренесат топката во голот“, вели Солскјер.
Следни за Јунајтед се ривалите од Премиер лигата, Вулверхемптон или Севилја, и Солскјер знае дека следуваат потешки тестови.
„Ова е ново полуфинале за нас и се надевам дека ќе го направиме следниот чекор и ќе победиме. Не важно дали следни се Вулфс или Севилја, бидејќи се два добри тима“, додава Солскјер.
ФЦ Копенхаген „скапо им ја продаде кожата“ на „ѓаволите“, по 120 минути