Top Sport

Два позитивни тестови на корона и во Валенсија

Ситуацијата со корона вирусот во Шпанија очигледно се влошува, откако Валенсија потврди дека имаат два позитивни тестови во нивниот клуб, откако Атлетико Мадрид потврдија дека фудбалерите Шиме Врсаљко и Анхел Кореа се позитивни и нема да патуваат на фајнал ејт турнирот во ЛШ во Португалија.

„Лилјаците“ потврдија дека со последните низа на тестови се откриле два позитивни тестови, на личности чиј идентитет засега е непознат, и дека двајцата се во изолација и се чувствуваат добро.

Шпанија е една од најпогодените земји од корона вирусот во западна Европа и во понеделникот ја поминале Велика Британија по бројот на инфекции.

Scroll to Top