Бугарскиот предизвикувач Кубрат Пулев ја почна војната со зборови со шампионот Ентони Џошуа пред нивната пресметка во тешка категорија во декември, оценувајќи дека на Британецот му е страв да излезе на меч надвор од Лондон.
Пулев, кој има прекар „Кобра“, добива втора шанса за меч со Џошуа, откако првиот беше откажан поради повреда, и сега вели дека Џошуа има психолошки проблеми по првиот пораз во кариерата од Енди Руиз Јуниор минатата година. Пулев вели дека нема проблем да боксува со него било каде.
„Имаме еден шампион во тешка категорија кој е преспор за договарање. Сфаќаме дека има пандемија, но треба да се подготвуваме. Мене не ми е важно каде, кога, јас сум подготвен. Мислам дека ќе биде во Лондон, бидејќи нему му е страв да боксува надвор од дома. Мене не ми е проблем бидејќи знам дека ќе го победам. Неговиот стил е проблематичен и можам да најдам како да го отворам и да ги искористам неговите психички проблеми“, вели Пулев.