Top Sport

Валенсија го стави цел тим на продажба (освен Хозе Гаја)?

Поранешниот шпански шампион Валенсија ги постави сите свои фудбалери освен Хозе Гаја на продажба во обид да „преживеат“ во економската криза предизвикана поради корона вирусот, тврдат шпанските и англиските медиуми.

Феран Торес веќе си замина од „Лос че“ со трансферот од 37 милиони фунти во Манчестер сити, а Франсис Кокелин е продаден на Вилјареал за 11.5 милиони фунти. Единствен кој не е на продажба е потенцијалниот нов капитен на тимот, Хозе Луис Гаја. Новиот тренер Хави Грасија, кој беше именуван на 27 јули, признава дека сите фудбалери можат да бидат продадени.

Валенсија има драстично намалени приходи откако мечевите од Ла лига се играа без публика поради корона вирусот, а првпат по три години не успеаја да се пласираат во Лигата на шампионите откако беа само деветти во Ла лига.

Фановите подолго време протестираат поради недостатокот на инвестиции од страна на газдата Питер Лим.

Scroll to Top