Роберто Хилберт, поранешниот освојувач на Бундеслигата со Штутгарт, смета дека Роналдињо би бил „бесценет“ на денешниот пазар на играчи доколку неговиот сонародник Нејмар чини 222 милиони евра.
Хилберт со Штутгарт двапати имаше шанса да игра со Барселона во ерата на Роналдињо во Лигата на шампионите во 2007/08 и двапати загуби со 3:1 и со 2:0. Барса тогаш во тимот ги имаше и Тјери Анри, Чави, Андрес Иниеста и Лионел Меси, но поранешниот германски репрезентативец вели дека еден човек отскокнувал со квалитетот.
„Убедливо најдобар фудбалер против кого сум играл беше Роналдињо. Тој можеби е најдобриот фудбалер на сите времиња. Беше силен, брз и секогаш насмеан. Кога игравме со Барселона не поминавме најдобро, но уште се сеќавам на искуството да играм против него. Се обидував да го удрам, но ниту тоа не беше лесно. Тој и Франк Рибери, кој беше најдобар во Германија, играа фудбал за задоволство, а не како работа. Беа среќни на теренот со топката во нозе и тоа веднаш се забележуваше. Тоа иим го дал Бог. Мислам дека Роналдињо би бил прескап за сегашниот пазар на играчи. Ако Нејмар чинеше 220 милиони, Роналдињо и Роналдо Феномено ќе чинеа бесконечно повеќе“, вели Хилберт, кој сега е тренер на вториот тим на Гројтер Фирт во четвртата германска лига.